понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 142
home Скопје

Делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чучер-Сандево утре без струја

Делови од Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чучер-Сандево утре без струја

Од 8:30 до 17 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, подулиците 23, 25, 27, 29, 31, 33, 35, 37, 39, 40, 42, 44, 46, 48 и други подулици во непосредна околина.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од село Орман до пругата во општина Ѓорче Петров, а од 10 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Герника“, „Киро Фетак“ и „Ратко Митровиќ“ во близина на туланата во Драчево и фирмата „Марлес“ во општина Кисела Вода.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Бразда и Чардак во општина Чучер-Сандево.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електросистемот.

 

Коронавирус