среда, 19. септември 2018. Вести денес: 169
home Скопје

Делови од Аеродром, Чаир, Шуто Оризари и неколку скопски населби и села утре без струја

Делови од Аеродром, Чаир, Шуто Оризари и неколку скопски населби и села утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Че Гевара“, „Македонско-косовска бригада“ со подулици, како и улицата „Бутелски венец“ во општините Чаир и Шуто Оризари утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Петар Ацев“ во општината Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во селото Батинци, од 9:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Саса“ во близина на училиштето во населбата Пинтија, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од населените места Дивље, Сушица, Чифлик, Коњари, како и фирмите Живиње КУ, Прогрес и АЛЕМ во општината Петровец.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на градот Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електричната енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.