понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Скопје

Дел од жителите од Припор утре без вода

Дел од жителите од Припор утре без вода

Корисниците од населбата Припор утре од 10 до 16 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради вградување „ЦМЦ“ регулатори на улицата „Христо Татарчев“ без број во населбата Припор, кај хотелот „Најс“.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Коле Неделковски“ бр.46, утре од 10 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од улиците „Коле Неделковски“ и „Стефан Јакимов Дедов“.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.