среда, 18. септември 2019. Вести денес: 73
home Скопје

Дел од Скопје утре без вода

Дел од Скопје утре без вода

Дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди” и дел од улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин” утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин”, зад „Јат”, во населбата Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.