сабота, 17. април 2021. Вести денес: 81
home Скопје

Дел од општина Центар вo недела без вода

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со санирањето на дефектот. 
Дел од општина Центар вo недела без вода

Корисниците од булеварот „Св. Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Центар, в недела од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од јавното претпријатие, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање на дефект на шибер со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Св. Климент Охридски“.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не завршат со санирањето на дефектот.

Коронавирус