Од ЈП Водовод и Канализација најавуваат дека на ден 29.04.2020 (среда) заради дефект на „огрлица“ на водоводна цевка со пречник 200mm на Булевар „Кочо Рацин“ бр.75 во населба „Центар“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Веро-Џамбо до ул. „Ленинградска“, Амбулантата на МВР и Полицијата.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.