среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 4
home Скопје

Дел од општина Бутел утре без вода

Дел од општина Бутел утре без вода

Корисниците од улиците „Бутелска“, „Призренска“, „Коле Канински“, „Марко Крале“ и „Галичник“ во општина Бутел  утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Призренска“ во населбата „Бутел 1“.

Корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека екипа на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го санира дефектот. (МИА)