вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Скопје

Дел од корисниците во Центар утре ќе останат без вода

Дел од корисниците во Центар утре ќе останат без вода

Без вода утре ќе останат корисниците од Холидеј Ин до Плоштад, како и од улица Никола Кљусев, Скопско и дел од улицата Орце Николов.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација” утре поради промена на вентил на улица „Кеј 13-ти Ноември” (пред кафана Ања) во населбата Центар, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од Холидеј Ин до Плоштад од 8 часот до завршување.

Поради уличен дефект од ф 2″ на улица Орце Николов (пред Охридска банка) во населбата Центар без вода ќе бидат корисниците од улицата Никола Кљусев, Скопско и дел од улицата Орце Николов од 8 часот до завршување на дефектот.