понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 34
home Скопје

Дел од Кисела Вода без парно, изведувач на улицата „Есенинова“ оштетил дел од мрежата

Дел од Кисела Вода без парно, изведувач на улицата „Есенинова“ оштетил дел од мрежата

Изведувач на градежни активности оштети топловодна мрежа поради што има прекин на испорака на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од БЕГ.

При изведба на градежни активности за новопроектираната улица ”Есенинова”, изведувачот на улицата оштетил дел од топловодната мрежа со која со топлинска енергија се снабдуваат потрошувачите во населбата Кисела Вода.

-Екипите на БЕГ излегоа на лице место и интензивно работат на санација на оштетениот топловод. Се очекува оштетувањето на топловодната мрежа да биде санирано за неколку часа, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија до потрошувачите. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200, се вели во соопштението на БЕГ.

Локални избори 2021