сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Скопје

Дел од „Илинденска“ затворена за сообраќај утре и задутре

Дел од „Илинденска“ затворена за сообраќај утре и задутре

На 11 и 12.09.2019 (среда и четврток) во времето од 21:00 до 06:00 часот, на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО, Скопје, ќе се одржи настан – снимање на филм.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот