понеделник, 24. јуни 2019. Вести денес: 89
home Скопје

Дел од Ѓорче Петров во четврток без вода

Дел од Ѓорче Петров во четврток без вода

Во четврток од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Крсте Раковски“, „Атанас Иљоски“, „Вера Циривири – Трена“, „Македонска преродба“, „Шидска“, „Јосиф Даскалов“, „Никола Вукмировиќ“, „Црногорска“, „Ѓурчин Кокале“, „Крушевска“, дел од „Борис Сарафов“, „Радушка“ и „Ангел Винички“.

Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа со профил од 400 милиметри на улиците „Радушка“ и „Вера Циривири – Трена“ во населбата Ѓорче Петров.