недела, 28. мај 2023. Вести денес: 12
home Скопје

Дел од Центар утре без вода

Дел од Центар утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од улицата „Наум Наумовски-Борче“, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до булеварот „Партизански одреди“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Наум Наумовски-Борче“ 50 во населбата Дебар Маало.

Жителите ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.