четврток, 6. август 2020. Вести денес: 74
home Скопје

Дел од автобусите во петок, а сите во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

Дел од автобусите во петок, а сите во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП СКопје информира дека утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Коронавирус