сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 78
home Скопје

Дедомразовска трка денеска во Скопје

Дедомразовска трка денеска во Скопје

Во центарот на Скопје денеска напладне ќе почне традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците ќе бидат облечени во костуми на Дедо Мраз.

Почетокот и крајот на трката се во паркот „Жена-борец“, а ќе се трча кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.

Должината на патеката е два километра. Може да трчаат и деца во придружба на родители.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува дедомразовски костум.

За победниците се предвидени награди. Пред и по трката ќе има музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Почетокот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети е денеска од 9 до 11 часот.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со пријавување на веб-страницата www.prvdovrv.mk, а е поддржана од „Coca-Cola“ и Град Скопје.

Коронавирус