недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Скопје

Дарувај крв во општина Илинден, да ја покажеме хуманоста

Дарувај крв во општина Илинден, да ја покажеме хуманоста

На 24.07.2019 година (среда) од 9:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, што се организира секоја година во рамките на одбележувањето на патрониот празник на општината „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Во акцијата што се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, кои преку дарувањето на крв ќе ја покажат својата хуманост и солидарност.