четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Скопје

Дали задолжувањата на Шилегов од 15 милиони евра се во функција на предизборен поткуп и нови криминални тендери?

Дали задолжувањата на Шилегов од 15 милиони евра се во функција на предизборен поткуп и нови криминални тендери?

Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра. Шилегов е  градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра. Дали ова задолжување не се пари за нов криминал пред изборите? Дали овие пари ќе завршат за финансирање на кампања и предизборен поткуп? Дали со ова Шилегов ги уништува со долгови јавните претпријатија-прашуваат советниците.

Тие обвинуваат дека Шилегов станува копија на криминалите на Зоран Заев.

 

Коронавирус