петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 193
home Скопје

Дали Перо Камиказа е Тројански коњ во опозицијата: На изборите би гласал за Шилегов

Дали Перо Камиказа е Тројански коњ во опозицијата: На изборите би гласал за Шилегов

Од денес и официјално започна кампањата за кандидатите за градоначалници и советничките листи за локалните избори 2021.

По повод почетокот на кампањата, ТВ 24 организираше дискусија на која за прв пат беа присутни сите предложени кандидати за градоначалници на Град Скопје.

Помеѓу програмските заложби и ветувања кои ги презентираа партиските адути за градоначалници, интересно беше и да се видат различните размислувања и меѓусебни забеешки на кандидатите.

На пример, во текот на дискусијата, Петар Георгиевски – Камиказа, кандидатот за градоначалник од политичката партија „Левица“, во контекст на заштитата на животната средина, се обврза на граѓаните да им купи патики со цел да пешачат повеќе.

Кандидатите за градоначалници најмногу дискутираа за животната средина, урбанизмот, инфраструктурните проекти, состојбата со отпадот и останати теми, важни за урбаниот развој на главниот град.

На поставено прашање од водителите, за кого би гласале на претстојните избори, повторно се издвои Камиказа, со одлучен одговор дека ни помалку, ни повеќе, ќе гласа за Петре Шилегов.

Локални избори 2021