вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Скопје

Цветна фигура во знакот на розовата панделка во Градскиот парк

Цветна фигура во знакот на розовата панделка во Градскиот парк

Од денеска во Градскиот парк во Скопје има нова цветна фигура во знакот на розовата панделка – „Напред Розово“ – заштитен знак на Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“.

Претставнички на Здружението „Борка“ заедно со претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, претставнички на претпријатието и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“ засадија сезонско цвеќе хризантема во форма на розовата панделка како знак на поддршка на месецот на борба против ракот на дојка.

МИА