среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Скопје

Целосно затворање за сообраќај на улицата Индира Ганди

Целосно затворање за сообраќај на улицата Индира Ганди

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи, од утре (04.09.2019 година, среда) од 7 часот наутро целосно ќе биде затворена за сообраќај улицата Индира Ганди, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до крстосницата со улицата Бутелски венец.

Овој потег на улицата ќе биде затворен до завршување на градежните работи.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изведување градежни работи во рамки на проектот за реконструкција на улицата Индира Ганди, поточно, поради финално асфалтирање на улицата.

Град Скопје апелира граѓаните да го почитуваат привремено воведениот сообраќаен режим и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Коронавирус