понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 152
home Скопје

Цел свет ги величи, а Шилегов се кара со пожарникарите кои бараат само тоа што им следи

Цел свет ги величи, а Шилегов се кара со пожарникарите кои бараат само тоа што им следи

И покрај тоа што работат во чад и без соодветна опрема во тешки услови ризикувајќи го и животот на пожарникарите добиваат само 20 илјади денари плата бидејќи пред два месеци им беше скратена за 20%.

Тогаш пожарникарите го кренаа гласот, но градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се вадеше на тоа дека таквото намалување не било по негова волја туку дека биле скратени блок дотациите, а реакциите на пожарникарите за намалените плати ги нарече манипулација.

-78 милиони денари Градот Скопје ги има исплатено во изминативе две години за дополнителните часови по основ на тужбите кои ги имале пожарникарите, така што мислам дека станува збор за можна злоупотреба или манипулација на пожарникарите, рече тогаш Шилегов

Додека цел свет ги величи и ги нарекува херои во Македонија пожарникарите се понижувани не им се исплаќа ниту надоместот за ризик при работа кој им следува по закон.

Поради оваа пожарникарите му дадоа рок од пет дена на Град Скопје за да ги разгледа нивните барања, а доколку не се изнајде решение тие рекоа дека ќе излезат на протест.

Откако не се изнајде решение пожарникарите завчера излегоа на протест а нивните протести продолжија и вчера кога и остварија тензична средба со градоначалникот Петре Шилегов со кој не најдоа заеднички јазик и порачаа дека ќе продолжат со протестите се додека не се изнајде решение додатокот кој им следи со закон.

Шилегов иако имаше три години да го среди проблемот не го направи тоа,а наместо да изнајде некакво решение тој се обидува со закани да ги замолчи пожарникарите кои протестираат, велејќи им дека ако не се задоволни да го напуштат работното место, па да се вработат други кои ќе прифатат да работат во постоечките вакви услови.

-Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како дa ја врши оваа исплата. Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение, во секое време може да си побара работа на друго место, им порача Шилегов на пожарникарите.

Коронавирус