среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Булеварот „Босна и Херцеговина“ во недела затворен за сообраќај

Булеварот „Босна и Херцеговина“ во недела затворен за сообраќај

Градот Скопје известува дека во недела (01.12.2019 година) во периодот од 7 до 15 часот на булеварот Босна и Херцеговина ќе се изведува попречен прекоп за дислокација на гасовод.

Поради тоа, булеварот ќе биде затворен за сообраќај на потегот пред маркетот КАМ и пред Техномаркет, непосредно пред ЕВН КЕЦ Васил Главинов, а возилата ќе се пренасочуваат по споредните улици.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Коронавирус