петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Скопје

БРОЈКИ ЗА ВО РУБРИКАТА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Град Скопје и Шилегов ќе платат 50 илјади евра за 45 жардињери

БРОЈКИ ЗА ВО РУБРИКАТА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Град Скопје и Шилегов ќе платат 50 илјади евра за 45 жардињери

Нов ден, нова афера поврзана со работењето на Град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов.

Имено, на Бирото за јавни набавки објавен е тендер за набавка на 45 жардињери, за кои Град Скопје и Градоначалникот Шилегов планираат да платат, верувале или не, 3 милиони денари односно 50 илјади евра.

Согласно објавената проектна документација на тендерот, Град Скопје планира да набави 3 типа на жардињери, а од секој тип би биле набавени вкупно по 15 жардињери.

Опозицијата во текот на целокупниот четиригодишен мандат на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов предупредуваше на трошење на енормно големи буџетски средства за јавни набавки.

Последен во низата беше скандалот за набавката на садници која изнесува 9,5 милиони денари.

Листата на цени изгледа вака: зимзелените садници имаат единечна цена од 10.000, декоративните садници цена од 24.000 денари, а дрворедните садници цена од 25.000 денари.

-Огромен е парадоксот што како граѓани сме обврзани да плаќаме нов надомест за одржување на јавни површини, а за возврат добиваме уништено зеленило во градското подрачје. Поради лошото менаџирање на Шилегов, Град Скопје доживува четиригодишна стагнација, а парите се потрошени во празни проекти, изјави вчера портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Коронавирус