четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 119
home Скопје

Борче Георгиевски повторно е кандидат на СДСМ за градоначалник на Гази Баба

Борче Георгиевски повторно е кандидат на СДСМ за градоначалник на Гази Баба

Актуелниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, повторно е кандидат на СДСМ за прв човек на општината на претстојните локални избори.

Како што соопштија од СДСМ, по спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во рамки на органите на партијата и по консултација со членовите, вчеравечер на седница на Извршен одбор на партијата, беа дефинирани уште пет кандидати за градоначалници: Тони Делков – Неготино; Борче Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила; Звонко Пекевски – Берово и Даниел Крстевски – Ранковце.

„Благодарам за поддршката за нов 4 годишен мандат која ја добив од претседателот Зоран Заев и мојата СДСМ. Заедно со сите мои сограѓани одиме во нова победа. За поинаква Гази Баба, со резултати и проекти за секое населено место и секое маало.Продолжуваме сите заедно сплотени и посветени“, напиша Георгивски на својот ФБ профил.

Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува негово целосно заокружување, соопштуваат од СДСМ.

Коронавирус