петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Богдановиќ демантира дека седел во кафеани во полициски час, вели сместувал гости од Белград во хотел

Богдановиќ демантира дека седел во кафеани во полициски час, вели сместувал гости од Белград во хотел

Градоначалникот на Општина Центар во изјава до јавноста вели дека целосно ги отфрла и демантира информациите дека во текот на изминатиот ден седел во кафеани за време на полициски час и прекршувал закони.

-Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на КК Работнички, кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината, сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа, ќе покренам граѓански спор, стои во демантот на Богдановиќ.

Коронавирус