сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Скопје

Блокирана главната улица во Радишани: Протести на родителите од основното училиште „Ацо Шопов“

Блокирана главната улица во Радишани: Протести на родителите од основното училиште „Ацо Шопов“

Родителите од скопско Радишани половина час пред училишното ѕвонче заедно со своите децата ја блокираа улицата пред основното училиште „Ацо Шопов“.

Минато неделната сообраќајка кога моторџија удри во деветгодишен ученик пред самото училиште го крена алармот на жителите дека мора да се преземат посериозни мерки. Тие се незадоволни од начинот на сигнализацијата. За нив пешачкиот премин е ставен на место веднаш по угорнината од самата улица, бараат семафори и лице кој ќе го регулира сообраќајот. За три години на ова место овде биле повредени осум пешачи од кои шест се деца.

Минатата недела момче од ова училиште беше со тешка повредена на ногата пренесено во болница од како во него удри мотор. Од МВР велат дека за осум месеци на територија на Град Скопје се напишани 50 илјади казни. Од МВР најави измени на законот со поригорозни мерки.