среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 15
home Скопје

Бидете подготвени – утре во една скопска населба ќе нема вода

Бидете подготвени – утре во една скопска населба ќе нема вода

Корисниците од населбата Маџар Маало во Општина Центар, на потегот од улицата „Вардарска“ до улицата „Охридска“, утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од два цола на улицата „Вардарска“ бб.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите.