недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Скопје

Без вода утре две улици во Центар

Без вода утре две улици во Центар

Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Мирче Оровчанец“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 33.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот на улицата „Мирче Оровчанец“ е поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник 100 мм., а на булеварот заради дефект на водоводна цевка со пречник два цола.

Прекинот со водоснабдување на двете улици ќе биде се до завршување на интервенцијата.