понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 39
home Скопје

Без вода утре дел од корисниците на улица „Пушкинова“

Без вода утре дел од корисниците на улица „Пушкинова“

Поради изведување на водоводен приклучок од Ф 125 мм, на улицата „Пушкинова“ бб, без водоснабдување утре ќе останат корисниците од оваа улица во населба Кисела Вода, во истоимената општина.

Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.