Скопје

Без вода утре дел од Карпош

Без вода утре дел од Карпош

Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка на улицата „Софиска“ број 19, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од оваа улица во општина Карпош, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Според информацијата добиена од ЈП „Водовод и канализација“, вода ќе нема од девет часот сѐ до завршување со интервенцијата.

To top