вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода утре дел од Центар и Аеродром

Без вода утре дел од Центар и Аеродром

Без вода утре од девет часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ бр. 36 и од улицата „Црвена вода“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради изведување приклучок на водоводна мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 36.

Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ пред маркетот „Рептил“, без вода или со намален притисок на водата од девет часот ќе останат корисниците од населбите Аеродром и Лисиче.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.