недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 85
home Скопје

Без вода денеска ул.Финска – викендов делови од Центар ќе бидат без водоснабдување

Без вода денеска ул.Финска – викендов делови од Центар ќе бидат без водоснабдување

Поради уличен дефект од Ф 100 на ул.Финска бр.7 , прекинато водоснабдување ке има на дел од улица Финска.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, вдоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот се до завршување со активностите.

Воедно од претпријатието информираат дека за време на викендов што следи поточно во недела, поради санирање на два дефекта на затварачи од Ф-300 мм на ул.Св.Кирил и Методиј (до преставништво на ЕУ) во населба Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на неколку улици

-Дел.од ул.Мајка Тереза, дел од ул.Шарски Одреди,дел од ул.Св.Кирил и Методиј, дел од ул.Даме Груев, дел од ул.Димитрие Чуповски и дел од ул. Св.Климент Охридски, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите, стои во соопштението.

ЕУРО 2020

Македонија