недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 26
home Скопје

Без вода делови од Центар и Ѓорче Петров

Без вода делови од Центар и Ѓорче Петров

Без вода денеска од 9 часот до завршуавње на работите ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Св.Кирил и Методиј”, АМСМ, Халк Банка и зградата на Нова Македонија, како и делови од улиците „Теодосие Гологанов” и „Климент Охридски”

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” Скопје прекинот е поради промена на затварач  од  Ф 400 мм на булевар „Св. Кирил и Методиј” на раскрсница со булевар „Св. Климент Охридски”.

Поради уличен дефект на улица „Ацо Шопов” во населба Ѓорче Петров, денеска од 5:40  часот до завршување на работите прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Ацо Шопов”.