понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 167
home Скопје

Без струја утре повеќе скопски улици

Без струја утре повеќе скопски улици

Без струја утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат корисниците од улиците Капиштец, Питу Гули, и дел од улицата „Димитар Пандилов“ во Општина Центар, и улицата 1513 во населба Пинтија.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8:30 до 11:30 ќе останат дел од корисниците од улицата „Руди Чаевац“ поточно бараките на улица Новопроектирана, од 8:30 до 15 часот, корисниците: Тинекс и Мак петрол, во нас. Чојлија и дел од корисниците од селата Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка, Музеј Матка, ресторан Кањон Матка и фирмите „Адриус“, „Бисоил’ и „Виа комерц“, од 9 до 12 часот корисниците од ул. Будимпештанска, од бројот 11а  до бројот 27 б и ул. 10 во село Јурумлери.

Без струја утре од 9 до 13 часот ќе останат и корисниците од улицата „Јанко Мишиќ“ во населба Драчево и од 12 до 13 часот корисниците од бул. „8 ми Септември“ броевите 21 и 23 и дел од Момин Поток.