недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Скопје

Без струја утре ќе останат делови од Сарај, Студеничани и Ѓорче Петров

Без струја утре ќе останат делови од Сарај, Студеничани и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре од 8:30 до 16 часот ќе останат корисниците од селата Цветово и Драчевица и предавателот на Т – Мобиле над село Цветово.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од викенд населбата Кучково, дел од корисниците од селото Кондово, водовод Кондово, објектот на геолошкиот завод Силекс и корисниците од селата Радуша, Дворце, Горно и Долно Свиларе.

Без снабдување со струја од 10 до 11 часот утре ќе бидат корисниците од улицата „4“ во село Усје и корисниците од селата Рашче, Бојане и Копаница.

Од 11 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Волково и од селата Грачани, Кучково и Кондово.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот.