понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 131
home Скопје

Без струја утре и задутре повеќе делови од Скопје

Без струја утре и задутре повеќе делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Центар, Чучер Сандево и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане, Општина Сарај.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер), Општина Центар.

Во периодот од од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Побожје и Кучевиште, Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ непарни броеви од 59-71, „Димо Хаџи Димов“ непарни броеви од 177 – 181 и „Димо Хаџи Димов“ парни броеви 134 – 152, Општина Кисела Вода.

Локални избори 2021