петок, 23. август 2019. Вести денес: 1
home Скопје

Без струја утре делови од Сарај, Центар и Аеродром

Без струја утре делови од Сарај, Центар и Аеродром

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје утре од 12:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисници од дел од село Глумово, од 10 до 12 часот од селата Орашје и Дворце, од девет до 12 часот дел од село Кондово, во општина Сарај.

Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје денеска соопшти дека без електрична енергија утре од девет до 11 часот ќе бидат и корисниците од ул. „Орце Николов“ згр. 174 како и ул. „Никола Тесла“ згр. 16 и 18 во општина Центар, а од девет до 11 часот од дел од ул. „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ во општина Аеродром.