петок, 25. септември 2020. Вести денес: 109
home Скопје

Без струја утре делови од Пинтија, Чојлија и Јурумлери

Без струја утре делови од Пинтија, Чојлија и Јурумлери

Без електрична енергија утре ќе останат делови од Пинтија, Чојлија и селото Јурумлери.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „1513“ во населбата Пинтија, а од 08:30 до 15 часот, објектите на „Тинекс“ и „Макпетрол“ во населбата Чојлија.

Од 9 до 12 часот без електрична струја ќе бидат корисниците од ул. „10“ во селото Јурумлери, а од 8 до 12 часот корисниците од цела улица Мајаковски во општина Центар.

(Миа)

Коронавирус