понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Скопје

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе останат делови од неколку скопски општини.

Од 8:20 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Македонско-косовска бригада“ и дел од „Втора македонска бригада“ во Чаир, од 9:00 до 11:00 корисниците на „Антон Попов“, згради бр. 148 и  бр.161 во Гази Баба, од 9:00 до 13:00 часот сите стопански и нестопански објекти во рамки на поранешната Стакларница Скопје, општина Кисела Вода, од 9:00 до 15:00 корисниците од „Волгоградска“ 1, 2, 3 и 4, општина Карпош, од 12:00 до 15:00 корисниците од „Чаирска“, „Виргино“ и „7-ма Албанска бригада“ во Чаир.