сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја утре делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци

Без струја утре делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и селото Ајватовци утре ќе останат без електрична енергија.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре од 08:30 до 11 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од број 105 до 126 во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Ајватовци, односно улицата бр. 4 и делот кон манастирот, додека од 9 до 12 часот, дел од жителите од улицата „Христо Батанџиев“ број 51 во општина Ѓорче Петров.

Без струја во периодот од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Разловечко востание“ во општина Карпош.

Коронавирус