понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 131
home Скопје

Без струја утре дел од Ченто и Шишево, а без вода дел од корисниците во Тафталиџе

Без струја утре дел од Ченто и Шишево, а без вода дел од корисниците во Тафталиџе

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Гази Баба и Сарај, додека прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Карпош.

Во период од 07:45 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Палмиро Таљати“, улиците „Маџари“ и „Маџари“ 3, во Општина Гази Баба.

Без струја од 09:00 до 13:00 ќе бидат дел од корисниците од село Шишево во општина Сарај.

Прекин на водоснабдувањето утре од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талевски“ и „Атинска“ во општина Карпош. Корисниците ќе бидат без вода поради водоводен приклучок ф-1 на улица „Борка Талевски“ 71.

Локални избори 2021