сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Скопје

Без струја комплексот МЗТ во општина Гази Баба, утре прекини во делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја комплексот МЗТ во општина Гази Баба, утре прекини во делови од Кисела Вода и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе биде цел Комплекс МЗТ, поточно сите фирми во кругот на Стар Металски завод Тито, во Општина Гази Баба

Како што информира РЦУК-Скопје по известувње од ЕВН, утре, пак,без струја ќе бидат повеќе објекти на улица „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Од 08:30 до 10:00 часот и од 14:00 до 15:00 часот, без електрично напојување ќе биде индустрискиот дел од сервис Џерси до ул.1520 и главен влез на ОХИС, од 08:30 до 16:00 часот, подулица 1 , подулица 7. и објекти во близина на склад Макпетрол покрај пругата, а од 09:00 до 15:00 часот, подулиците со бр. 18, 4, 8, 12, 10, 6.

Во Општина Карпош, утре без струја од 09:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците на улиците: Миле Поп Јорданов, Стогово, Џумајска, Братфордска и улица Козле бр. 32. .

Коронавирус