петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од неколку улици во Кисела Вода и Карпош

Без струја делови од неколку улици во Кисела Вода и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од граѓаните на Кисела Вода и Карпош.

Од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на улиците Нагоричанска и Сердарот, а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Малешевска во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 09:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од дел на улицата Џумајска, а од 09:30 до 13:00 часот корисниците од дел од улицата Јан Хус во општина Карпош.

За утре најавени се прекини во снабдувањето со електрична енергија во Сопиште, Карпош и Сарај.

Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 5 во село Сопиште. Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците Иван Цанкар, Вангел Дину и Ацо Шопов, во општина Карпош, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од селото Горна Матка, во општина Сарај.

Коронавирус