петок, 5. март 2021. Вести денес: 113
home Скопје

Без струја делови од неколку скопски општини, Усје без вода

Без струја делови од неколку скопски општини, Усје без вода

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула“ и „Џон Кенеди“ во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска“ во населба Драчево.

Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Козле“, подулица бр.1, а од 10:30 до 13:30 часот улицата „Букурешка“ од бр. 97 до бр. 115 и улица „Прашка“„ од бр. 44 до бр. 78 во општина Карпош.

Од 11 до 13 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „12“ во Долно Соње.

Според информации од „Водовод и канализација“ утре од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Усје поради активности на приклучок на водоводната мрежа со пречник од ф-150 милиметри на ул. „Борис Трајковски“ б.б.

Коронавирус