понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 180
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Скопје

Без струја делови од Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Кисела Вода

Без струја делови од Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Кисела Вода

Утре без електрична енергија ќе останат неколку делови од Скопје, соопшти ЕВН.

Во период од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел на улицата Мечкин Камен од број 31 до број 45, во општина Ѓорче Петров ќе имаат прекин во електричната енергија.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, според најавите, без струја ќе останат дел од корисниците од улица Васил Главинов (Димитрие Чуповски) зграда бр.3, стопански и нестопански објекти во зграда број 3, во општина Центар.

Без електрична енергија од 11.00 до 15.00 часот ќе бидат делови од улициците Љубица Георгиева, Будимпештанска и Јоаким Осоговски во Карпош, додека од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на дел од улицата Борис Трајковски над Стакларата, ќе имаат прекин во електричната енергија.

Коронавирус