недела, 19. септември 2021. Вести денес: 24
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Скопје

Без промени во воспитниот кадар во градинките во Карпош

Без промени во воспитниот кадар во градинките во Карпош

Градинките ќе продолжат нормално да функционираат, а децата нема да имаат промена на досегашните воспитувачи и негователи.

Ова, при денешната посета на градинката „Мајски цвет” во Тафталиџе 1, го соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој оствари  средби со дел од негователките и воспитувачките на кои им истече договорот за работа.

Богоев посочи дека Општината работно ќе ги ангажира негователките од градинките “Мајски цвет”, “Пролет”, “Распеана младост” и “Орце Николов”.

Проблемот со административната процедура ќе биде надминат и Општината, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии веќе работат на изнаоѓање на најсоодветно решение.

Градоначалникот Богоев апелираше до родителите, децата, негователките и директорите да бидат спокојни што се однесува до згрижувањето на децата и нивниот воспитен кадар.

Коронавирус