петок, 29. јули 2022. Вести денес: 136
home Скопје

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.

Оваа поволност е предвидена со Одлуката за давање согласност на Одлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје, која денеска беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје.

Доброволното дарување на крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности и со оваа одлука Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ даваат поволност и дополнителна поддршка за сите крводарители.

Со оваа одлука, дополнително се овозможува за сите лица-специјализанти кој ја обавуваат специјализацијата во рамките на Комплекс Клиники Мајка Тереза, да се паркираат со истите услови како и останатите вработени во Комплекс Клиники Мајка Тереза.

Коронавирус