четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 115
home Скопје

Белчев: Лагите на градоначалникот Борче Георгиевски како одминува времето излегуваат на виделина

Белчев: Лагите на градоначалникот Борче Георгиевски како одминува времето излегуваат на виделина

Лагите на градоначалникот Борче Георгиевски како одминува времето излегуваат на виделина, ова го истакна Живко Белчев од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата.

-Да потсетиме, на јавна расправа пред жителите на населеното место Јурумлери градоначалникот Георгиевски вети дека секоја куќа во населеното место Јурумлери до јуни 2019 година ќе биде приклучена на фекална канализација. Денес сме месец август а во населеното место Јурумлери не е завршена ниту примарната мрежа на фекалната канализација а не пак да се спроведе секундарната мрежа, потенцира Белчев.

Тој додава дека со ова Борче Георгиевски повторно на дело докажа дека ги манипулира граѓаните на населеното место Јурумлери. Граѓаните на Општина Гази Баба се сведоци дека од ветениот живот во Гази Баба нема ништо. Општина Гази Баба стана општина пример на незаконски дејствувања, дивоградби, непотизам… Општина Гази Баба под раководство на Борче Георгиевски нема иднина.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија и во наредниот период ќе продолжи да се бори за интересот и потребите на граѓаните на Општина Гази Баба, вели Белчев.