понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Беџети ќе бара правно решение за платформите дивоградби на Матка, рушењето не е опција

Беџети ќе бара правно решение за платформите дивоградби на Матка, рушењето не е опција

Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет. Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи. Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање а не изградба како што објавија медиумите но и градските власти и смета дека станува збор за контра кампања, пренесува Телма.

На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусиа на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.

Од министерството за транспорт и врски, каде веќе трет ден чекаат официјална информација од надлежна институција за поставената платформа, соопштија дека сеуште немаат одлука околу евентуалното одземање на ингеренциите на Општина Сарај.

Министерството за транспорт и врски во понеделникот испрати барање до државниот градежен инспекторат да изврши увид и да изготви извештај. Врз основа на извештајот ќе се одлучи како понатаму министерството ќе постапува, велат од таму.

И по повеќе од две недели надлежните институции се без информација кој и копга точно ги поставил плкатформите во заштитеното подрачје на Матка.