вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Скопје

Бараката на поранешно Матично ќе стане Младински дом за извидници

Бараката на поранешно Матично ќе стане Младински дом за извидници

Бараката на поранешното „Матично“, каде судбоносното „ДА“ го кажале генерации скопјани, ќе прерасне во едукативно-креативен младински дом на извидниците. Ова го најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на „Четвртиот граѓански форум“.

-Со средства добиени како донација од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, општина Центар ќе го реновира објектот и тој ќе се користи како младински центар, изјавил Богдановиќ за Вечер.