недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Скопје

„Автокоманда сака да дише“- предупредувачки протест утре во општина Гази Баба

„Автокоманда сака да дише“- предупредувачки протест утре во општина Гази Баба

Иницијативата „Автокоманда сака да дише“ утре ќе организира предупредувачкиот протест против, како што велат, континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба.

-Протестот ќе се одржи утре, на 3 октомври (четврток) со почеток во 18 часот на плоштад “Коцка” (веднаш до Полициската станица). На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Иницијативата “Автокоманда сака да дише” е формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина. Затоа, свесни за фаталната штетност на загадувањето и катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните, иницијаторите и жителите на Општината се креваат на нозе барајќи нормални услови за живеење и итно преземање мерки за спречување на ова појава.